MGJ Sprachdienst
Толкување германски ↔ македонски
За судови, органи, полиција, нотари, адвокатски канцеларии, компании и приватни лица
Како овластена толкувачка за македонски јазик преземам професионални ангажмани за толкување германски ↔ македонски.
Притоа го поврзувам мајчиниот јазик со долгогодишно искуство во правни, службени и сложени комуникациски ситуации.
Каде можам да толкувам за вас
Судови
Рочишта, сослушувања и други судски термини.
Органи
Разговори и постапки пред органи.
Полиција
Полициски термини и испрашувања.
Нотари и адвокатски канцеларии
Нотарски заверки, состаноци и термини со адвокати.
Компании
Деловни разговори, состаноци и термини.
Приватни термини
Лични и административни работи.
Повеќе од едноставно пренесување на зборови
За мене толкувањето е повеќе од едноставно пренесување на поединечни зборови. Важно е содржината да се пренесе прецизно, целосно и во согласност со стручниот и институционалниот контекст.
Моето професионално искуство започнува во 1996 година. Во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, каде работев како толкувачка и преведувачка за германски јазик, со консекутивно и симултано толкување. Меѓу другото, придружував високи делегации при државни посети на владино и премиерско ниво.
Повеќе за мене →Симултано или консекутивно – според потребите на терминот
Консекутивно толкување
При консекутивното толкување разговорот се пренесува по делови. Овој начин е особено погоден за разговори, состаноци и термини во органи, судови и нотари.
Симултано толкување
При симултаното толкување преносот се одвива речиси истовремено со говорот. Овој начин особено се користи на настани, состаноци или во ситуации со соодветни технички и организациски услови.
Како се одвива ангажманот за толкување
Побарајте термин
Наведете ми датум, време, место и вид на терминот, како и очекуваното времетраење.
Договор за условите
По проверка на барањето за термин, ви ги соопштувам понатамошните детали.
Подготовка
Доколку е потребно за терминот и се познати, релевантните информации, називи или документи може да се усогласат однапред.
Термин за толкување
На договорениот термин толкувам германски ↔ македонски професионално, прецизно и соодветно на ситуацијата.
Лично на лице место – други ангажмани по договор
Главно работам во Северна Рајна-Вестфалија и Рајнланд-Пфалц. Други ангажмани во Германија, како и долгорочна соработка, се можни по договор.
Компетентност за сложени комуникациски ситуации
Право и органи
Сигурно постапување во формални и сложени комуникациски ситуации.
Дипломатија и меѓународна комуникација
Искуство со сложена комуникација на институционално и меѓународно ниво.
Германски ↔ македонски
Македонски како мајчин јазик и долгогодишно професионално јазично посредување.
Доверливост и професионална неутралност
Прецизното јазично посредување, професионалната неутралност и доверливото постапување со информациите за мене се подразбирливи основи на секој ангажман за толкување.
Често поставувани прашања за толкувањето
Колку рано треба да побарам термин за толкување?
По можност што е можно порано. Краткорочни барања се исто така прифатливи.
Кои податоци ви се потребни за барање?
За првична проверка ми се потребни датумот, времето, местото, видот на терминот, очекуваното времетраење и, доколку е познато, институцијата или нарачателот.
Може ли документи да се достават пред терминот?
Доколку за подготовката се потребни документи, индивидуално ќе договориме соодветен и безбеден начин за нивно доставување.
Дали толкувате симултано и консекутивно?
Да. Кој вид толкување е соодветен за конкретниот термин зависи од поводот и организациските услови.
Дали прифаќате ангажмани и од агенции, адвокатски канцеларии и компании?
Да. Покрај ангажмани за судови, органи и јавни институции, преземам и ангажмани за адвокатски канцеларии, нотари, компании, агенции и приватни лица. Можна е и долгорочна соработка.
Планирате термин за толкување или сакате да соработувате со мене?
Испратете ми ги датумот, местото и најважните податоци за вашиот термин. Добредојдени се и барања за долгорочна соработка.
Испратете барање за толкување