info@mgj-sprachdienst.de +49 178 62 43 253

MGJ Sprachdienst

Заверени преводи германски ↔ македонски

За органи, судови и други јавни институции

Како овластена преведувачка за македонски јазик изготвувам заверени преводи германски ↔ македонски за поднесување пред органи, судови и други јавни институции во Германија.

Секој превод го изготвувам лично и го заверувам со потврда за точност и целосност, со мој печат и потпис.

Печат, пенкало и документи на MGJ Sprachdienst

Кои документи можам да ви ги преведам?

Заверени преводи најчесто се потребни за службени, управни, судски или лични постапки.

Изводи од матична книга на родени и венчани
Полномоштва и изјави
Уверенија за слободна брачна состојба
Возачки дозволи
Пресуди за развод и други судски одлуки
Уверенија, потврди и службени дописи
Училишни свидетелства и свидетелства за завршено образование
Договори и други правни документи
Универзитетски дипломи и други докази за образование
Други службени и приватни документи

Испратете ми барање. Ќе проверам дали можам да го преземам преводот.

Лично преведено и заверено

Вашиот превод го изготвувам лично, без проследување до други преведувачи или анонимни посреднички платформи.

Македонскиот е мој мајчин јазик. Како овластена преведувачка со долгогодишно искуство, директно ви стојам на располагање од првото барање до готовиот превод.

Повеќе за мене →

Како го добивате вашиот заверен превод

01

Доставување на документите

За првично барање доволно е да наведете кој документ сакате да биде преведен.

Потоа ќе го договориме соодветниот и безбеден начин за доставување на документите.

02

Понуда и рок за изработка

По проверката на документите ќе добиете информација за цената, рокот за изработка и постапката.

03

Превод и заверка

Вашиот превод го изготвувам лично и го заверувам со соодветната потврда за точност и целосност, со печат и мој потпис.

04

Испорака

По потреба, готовиот превод може најпрво да ви биде доставен во дигитална форма.

Потпишаниот и заверен оригинал потоа го добивате по пошта. По претходен договор, можно е и лично преземање.

Достапно низ цела Германија

Заверени преводи германски ↔ македонски нудам низ цела Германија. Документите може да се достават дигитално, а готовиот заверен превод потоа го добивате по пошта.

Стручно искуство и со посложени документи

Покрај изводи и службени документи, преведувам и правни, службени и стручни текстови. Посебно искуство имам во областа на правото и правосудството, економијата, образованието и воспитувањето, политиката, како и миграцијата и азилот.

Често поставувани прашања за заверени преводи

Што е заверен превод?

Како овластена преведувачка имам право да ја потврдам точноста и целосноста на мојот превод. За таа цел преводот се заверува со моја потврда за точност и целосност, со печат и потпис.

На тој начин преводот може да се користи за поднесување пред органи, судови и други јавни институции во Германија.

Дали мојот превод ќе биде прифатен од надлежниот орган?

Моите заверени преводи се наменети за поднесување пред органи, судови и други јавни институции во Германија.

Кои конкретни документи се потребни во одделната постапка одлучува надлежната институција. Доколку сте добиле посебни барања од некој орган, наведете ги при вашето барање.

Дали мора да го испратам оригиналот на документот?

За изготвување понуда, а често и за подготовка на преводот, најпрво е доволен јасно читлив скен или целосна фотографија.

Дали во конкретниот случај е потребен оригинал или заверена копија зависи од документот и од барањата на институцијата пред која ќе го поднесете преводот.

Колку време е потребно за заверен превод?

Рокот за изработка зависи од обемот, видот и читливоста на документите, како и од тековната ангажираност.

По проверката на документите ќе ве известам кога преводот може да биде готов.

Во итни случаи можете веднаш да го наведете саканиот рок.

Колку чини заверен превод?

Цената зависи од видот, обемот и форматот на документот, како и од дополнителни барања или итноста.

По проверката на документите, а пред потврдување на нарачката, ќе добиете индивидуална понуда.

Може ли документите да ги испратам по е-пошта?

За првично барање можете да ми наведете кои документи сакате да ги преведете.

Бидејќи изводите, личните документи и другите податоци може да содржат чувствителни лични информации, соодветниот начин на доставување потоа ќе го договориме индивидуално.

Дали преводот може да го добијам и дигитално?

По желба можам дополнително да ви доставам и дигитална верзија.

За многу постапки, сепак, е потребен потпишаниот и заверен оригинал на преводот. Него го добивате по пошта или, по договор, лично.

Дали апостиле е исто што и заверен превод?

Не.

Заверениот превод ја потврдува точноста и целосноста на преводот.

Апостил или легализацијата, пак, служи за потврдување на автентичноста на јавна исправа за употреба во странство.

Дали дополнително ви е потребна апостил или легализација треба да проверите кај институцијата пред која ќе се поднесува документот.

Сакате да преведете документ?

Испратете ми ги најважните податоци за документот. По проверката на вашето барање лично ќе ве известам за цената, рокот за изработка и следните чекори.

Побарајте превод